• Fri. Apr 19th, 2024

10та меѓународна научна конференција “Охрид – Водици 2022”

Byadmin

Nov 29, 2021

ПОВИК ЗА ТРУДОВИ

„Глобални трендови и закани во однос на идентитетот, културното наследство, природната околина, креативните заедници, туризмот и одржливиот локален/регионален развој“

Во последните неколку години настана значителен пораст во однос на употребата на визуелни и дигитални технологии насочени кон истражување, документирање, менаџирање, презентација и комуникација што се однесува до културното наследство. Печатените, видео и аудио медиуми како и можностите на “Новите Медиуми” се здобија со улогата на главни средства за зачувување и афирмација на културното наследство, како и истовремено станаа главни алатки за промоција на вредностите на културното наследство како еден туристички продукт. Гореспоменатотото драстично го трансформираше начинот на кој ја доловуваме, чуваме, процесираме, претставуваме и ја распространуваме информацијата.

Во последните неколку декади, човечките активности како што се човечки предизвиканите климатски промени и други влијанија на екосистемите ги трансформираа природните системи на Земјата, надминувајќи ги капацитетите и нарушувајќи ги нивните само-регулаторни механизми со процеси на неповратни последици по глобалното човештво. Денес, човештвото веќе е сериозно засегнато од постојните системски промени на екологијата, како што се климатските промени и промените на употребата на земјиштето, особено дефорестацијата.

КОВИД кризата уште повеќе ни предочи колку неодржлив е нашиот начин на живеење. Размислуваме и разговараме за сценарија, организираме и планираме промени, но е многу тешко да се постават амбициозни и реално достижни цели во исто време. Споменатото поставува побарувања од иновативни, креативни, истовремено и постојани соработки, и само во случај кога оваа соработка е сама по себеси одржлива може да се надеваме да станеме вистински отпорни на таквите закани.

ТЕМИ НА ИНТЕРЕС

Се покануваат научници, докторанти и студенти на последипломски студии, истражувачи и заинтересирани вклучени во ефективна пракса од областа на: студии за заштита на околината, културно наследство, политички науки, економија, туризам, медиуми, архитектура, музеологија, архиварство, аудио-визуелни уметности, информатички науки и технологии, археологија, антропологија/етнологија, историја на уметност, географија, социологија, психологија и сите останати поврзани области, да ги достават насловите на која било тема поврзана со темата на конференцијата. Насловите може да имаат рефлексија на широк спектар на материјал поврзан со заштитата и управувањето со животната средина и културното наследство, одржлив развој, промоција, развој на туризмот итн.

Краен рок на пријавување: 17 декември 2021

Известување за одлуката за прием: 24 декември 2021

Регистрација: 9 јануари 2022

Конференција: 17-19 јануари 2022

ПОДНЕСУВАЊЕ НА НАСЛОВИТЕ/ПАНЕЛИ или ПОСТЕРИ

Конференцијата нуди можност за индивидуално поднесување на наслови и предлози за панели. Сите апликации за наслови и панели треба да се испратат на е-пошта: conference.vodici2022@gmail.com до 17 декември 2021 година. Насловите примени после разгледувањенто на Бордот на програмата ќе бидат известени преку електронска пошта, најдоцна до 24 декември 2021 година. Апликацијата треба да содржи:

· Наслов на трудот/панел или постер

· Апстракт (исклучиво на англиски јазик) со не повеќе од 300 збора за индивидуални трудови, вклучувајќи ги тука главниот аргумент и заклучоците.

· Апстракт (исклучиво на англиски јазик) со не повеќе од 500 збора за предлог панели, вклучувајќи ги тука и апстрактите на панел насловите

· Име и звање на авторот/авторите на насловот

· Кратка биографија на авторот/авторите на насловот, не повеќе од еден параграф

· Електронска пошта, телефон и факс на авторот/авторите

· Големината на постерите треба да биде 50 х 75 см.

ЈАЗИК НА КОНФЕРЕНЦИЈАТА

Конференцијата ќе биде на англиски и македонски јазик.

СЕРТИФИКАТ ЗА УЧЕСТВО

Сите регистрирани учесници на конференцијата ќе добијат сертификат за учество на крајот на конференцијата.

БРОШУРА НА КОНФЕРЕНЦИЈАТА

Сите апстракти после приемот за учество на конференцијата ќе бидат објавени во брошурата на конференцијата.

By admin

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *