Повик за учество
НА ЛЕТНАТА ШКОЛА ЗА ЗАШТИТА НА ПРАВАТА НА ЗАЕДНИЦИТЕ И МУЛТИКУЛТУРАЛИЗМОТ
Центарот за напредни истражувања во соработка со Младинската културна асоцијација на Бошњаците „Шадрван“, организираат летна школа за заштита на заедниците и мултикултурализмот.
Летната школа ќе се одржи во Струга, хотел „Бисер“ од 26-28 Август 2022 година.
Целта на летната школа е:
Да се едуцираат младите за најновите теоретски, концептуални и практични алатки, за да се сфати сложеноста на заштитата на националните малцинства во меѓународни, регионални и национални рамки;
Да се поттикне креативноста и новото размислување кај младите од помалубројните заедници за решенијата на проблемите со спроведувањето на законодавството за човекови и малцински права во земјата и регионот; како и да се поттикнат и инспирираат повеќе млади и студенти од прв и втор циклус на студии да ја превземат предизвикувачката работа на мултидисциплинарното истражување во областа на човековите права, националните малцинства, недискриминацијата и општествената кохезија.
Право на учество имаат сите граѓани на Република Северна Македонија, кои ќе достават биографија (ЦВ) и мотивационо писмо на е-маил адресата: contact@car.org.mk, најдоцна до 15.08.2022 година во 17 часот.
Изборот на учесниците ќе се заснова на ЦВ-а и писма за мотивација на апликантите.
Посебен фокус ќе биде посветен на учеството на жените, студентите и активистите на цивилниот сектор, со особено внимание на оние кои ги претставуваат помалите заедници во земјата, како и на активисти кои се занимаваат со заштита и промоција на правата на заедниците.
Предавачи: Проф. д-р Нано Ружин, проф. д-р Ана Чупевска и проф.д-р Рубин Земон. Курукуломот на летната школа и други информации можете да најдете на интернет страната https://car.org.mk.
Контакт лице: м-р Алмира Папиќ- Црновршанин тел: 070/263872
Сите трошоци за сместување, исхрана и превоз за учесниците на Летната школа ќе бидат покриени.
Проектот е финансира од страна на Агенцијата за остварување на правата за заедниците на Република Северна Македонија